Поврзете се со нас

АТП

Бекер: Надал знае зошто е во Мелбурн, тој може да ја освои титулата

Објавено

на

Германската легенда, Борис Бекер е постојано активен и има што да каже за сите актуелни случувања во светот на тенисот.

Сега секако во фокусот е првиот грен слем Австралија Опен, засега како прв фаворит и носител останува Новак Ѓоковиќ, но сигурно има и други играчи кои можат да се надеваат на трофеј, а според Бекер во таа група е и Рафаел Надал кој има неколку месечна пауза за да сега полека се враќа и веќе триумфираше на еден турнир (Мелбурн).

-Се додека Надал игра тенис, тој ќе биде еден од фаворитите на секој турнир на кој ќе настапува. Мислам дека тој само сака повторно да го освои Ролан Гарос. Ама мора да игра турнири пред тоа. Не чувствува притисок, никој ништо не очекува од него. А сепак би можел да ја освои 21-та титула. Тоа е една од причините зошто е во Мелбурн. Тој не би играл ако сметаше дека нема шанси, -смета Бекер.

Рафа има 20 грен слем титули, ама само една во Австралија и тоа во 2009 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни