Поврзете се со нас

АТП

Бекер меѓу првите ја искоментира дисквалификацијата на Ѓоковиќ

Објавено

на

Невнимателниот потег на Новак Ѓоковиќ кој му донесе дисквалификација на Ју-Ес Опен и натаму носи голем број реакции во тениската јавност.

Меѓу првите коментари стигна од Борис Бекер, поранешниот тренер на српскиот тенисер и човек кој важи за голем пријател и фан на Ѓоковиќ.

Германецот смета одлуката била исправна.

– Шокиран сум како и сите останати, тој не го направи тоа намерно, но одлуката беше исправна.

– Ова е сигурно најтежок момент во неговата кариера, делуваше непобедливо, сакаше да освои уште еден грен-слем. Тој е најголема ѕвезда на турнирот, но направи грешка, тежок момент за него, но сигурно ќе се врати каков што го знаеме, – изјавил Бекер.

Американската тениска асоцијација ја соопшти казната која ќе ја добие Ѓоковиќ

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни