Поврзете се со нас

АТП

Американската тениска асоцијација ја соопшти казната која ќе ја добие Ѓоковиќ

Објавено

на

Дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ од Ју-Ес Опен предизвика сериозна дебата меѓу тениските фанови, но судиите и супервизорот на турнирот очигледно немаа многу дилеми околу одлуката која е донесена поради невнимателниот потег на светскиот рекет број еден.

Српскиот тенисер погоди линиска судијка со топче, по што одговорните на турнирот го прекинаа мечот со Карењо-Буста и го испратија Ѓоковиќ во соблекувалната.

Нешто подоцна, организаторите на Ју-Ес Опен, односно Американската тениска асоцијација излезе со официјално соопштение, потенцирајќи ја казната која ја заработил Ѓоковиќ за својот потег.

– Поради тоа што е дисквалификуван, Ѓоковиќ ќе ги загуби ранкинг поените кои ги освои со пласманот во осминафиналето, а ќе биде парично казнет со сумата која требаше да ја заработи од овој настап, – велат организаторите.

Карењо-Буста водеше со 6:5 во првиот сет во моментот кога се случи инцидентот, а сега Шпанецот во четвртфиналето ќе игра против подобриот од мечот меѓу Шаповалов и Гофан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни