Поврзете се со нас

НБА

Батлер за финалето со Лејкерс: Ако сакате да триумфирате, мора да поминете…(ВИДЕО)

Објавено

на

Мајами Хит ја доби битката со Бостон Селтикс и обезбеди место во големото НБА финале во кое ќе се соочи со тимот на Лос Анџелес Лејкерс.

Сите со нетрпение ја очекуваат ова пресметка која ќе донесе соочување на многу добри познати имиња, асови кои имале многу меѓусебни натпревари во минатото. Сигурно еден од дуелите кој ќе привлече внимание е оној меѓу Џими Батлер и Леброн Џејмс, сегашната ѕвезда низ сезоните има загубено неколку пресметки со „кралот“, па многу добро знае е колку е тешко да се помине покрај него и неговиот тим.

-Ова е вака веќе подолго време. Ако сакате да триумфирате, ќе мора да поминете низ тим предводен од Леброн Џејмс…Нормално на тоа се сведува…Ќе го добиете истиот тест повторно и повторно, се додека не го поминете. Тестот е Леброн Џејмс, -истакна Батлер кој е еден од најважните играчи на „жешките“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни