Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Барселона се плаши само од една екипа во ЛШ

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Барселона по пауза од четири години повторно е меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите, фаза во која стигна откако го доби двомечот со Наполи, а претходно како првопласирана ја заврши својата група.

Утре е ждрепката за четвртфиналето и како можни ривали за каталонците се Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен, Манчестер Сити, Арсенал и Пари Сен Жермен. Тоа се екипите кои стигнаа до оваа фаза, па останува да се види дали Барса ќе може да се пробие, мине уште една пречка во оваа турбулетна сезона за нив.

Според „Мундо Депортиво“ желбата е да се дојде до полуфиналето, резултат кој тимот верува дека може да го достигне со тоа што во утрешната ждрепка сака да избегне еде ривал-тоа е актуелниот првак Сити.

Во таборот на каталонците веруваат дека би било многу тешко да се излезе на крај со „граѓаните“ во двомеч со нив, односно сите останати клубови за нив се прифатливи затоа што веруваат дека би можеле да ги добијат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни