Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона по вторпат се посрамоти, Кадиз остана непоразен и на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона уште еднаш непријатно ги изненади своите навивачи, па така откако во вторникот доживеа дебакл од ПСЖ во Лигата на шампионите денеска освои само бод во пресметката против Кадиз во Примера.

Каталонците упатија 20 удари кон голот на госстите, ама реализацијата одново беше каатстрофално и погоди само Меси од пенал во 32 минута. Овој резултат од 1-0 беше актуелен се до самиот финиш кога Ленгле направи глупост во казнениот простор, Кадиз доби пенал кој го реализираше Фернандез за конечни 1-1.

Само за потсетување Барса на првата средба загуби од овој противник со 2-1, па воопшто не е изненадување што момците на Куман заостануваат зад Реал и Атлетико во борбата за пехарот во Ла Лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни