Шпанија
Барселона по драма ја доби Севилја и обезбеди билет за финалето на Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона излегоа како победници од полуфиналната битка со Севилја и ќе играат во финалето на Купот на Шпанија.
Клубот од Каталонија по драма славеше над Севилја со 3-0 по продолженијата и со тоа дојде до резултат кој ги носи во дуел за титулата со подобриот од пресметката меѓу Леванте и Атлетик Билбао. Барса во раната фаза го отвори резултатот и тоа со атрактивниот погодок на францускиот интернационалец Усман Дембеле.
Четата на Куман потоа притискаше, ама не дојде до втор гол, па по една контра на противникот во 73 минута судијата Санчез покажа на белата точка. Одговорноста ја презема Окампос, но голманот Тер Штеген жива му ја фати топката по изведениот пенал.
Ова и даде дополнителна енергија на Барселона која во судиското продолжение преку Пике дојде до 2-0, резулат кој донесе дополнителни 30 минути на „Камп Ноу“.
Во истите домаќините имаа играч повеќе затоа што претходно (92 минута) беше исклучен Фернандо, предност која ја искористија со голот на Брајтвајт во 95 минута за 3-0.
Утре од 21 часот се игра дуелот меѓу Леванте на Барди и Атлетик Билбао, првата средба заврши 1-1.

- Шпанијапред 23 часа
Зидан со „крпен“ состав во градското дерби: Има на располагање само 13 играчи за 10 позиции на теренот (Фото)
- Шпанијапред 20 часа
Меси постигна антологиски гол во шоуто на Барселона во големото финале (Видео)
- Шпанијапред 21 час
Зидан за неговиот најголем квалитет: Не сум најдобар тренер, но не сум ниту катастрофално лош
- Германијапред 23 часа
Нојер и Милер со први реакции по одлуката за заминување на Флик
- Англијапред 22 часа
Откако го нанижа и Пеп: Неверојатната статистика на Тухел против пет врвни тренери (Фото)
- АТПпред 18 часа
Прв пехар во оваа календарска година: Ѓорческа триумфираше во двојки во Калви
- Англијапред 20 часа
Гвардиола ги исплаши фановите на Сити со својата прва изјава за повредата на Де Брујне
- Шпанијапред 20 часа
Реал Мадрид покажа класа и прв испрати честитка до Барса, Пујол бара повеќе од тимот на Куман (Фото)