Поврзете се со нас

Лига Европа

Барселона: Пеколот не изгледа како толку лошо место (Видео)

Објавено

на

Барселона успеа да го преживее таканаречениот „пекол“ во Истанбул и успеа да се извлече од незгодна позиција против Галатасарај, бидејќи младиот тим на Чави Ернандес мораше да прави пресврт за да се пласира во наредната рунда.

Барса ќе игра во четвртфиналето во Лигата на Европа и ќе биде дел од ждрепката во УЕФА, пред се благодарение на брзиот одговор на првиот гол кој го постигнаа домаќините.

Галатасарај поведе со голот на дефанзивецот Маркао и во тие моменти предизвика ерупција на преполниот стадион во Инстабул, од кој останаа воодушевени и претставниците од Барселона.

Атмосферата беше навистина величествена уште пред стартот на мечот и за време на истиот, а по победата од 1:2 и пласманот во наредната рунда, Барселона излезе со интересен твит.

– На крајот на краиштата, пеколот не изгледа како толку лошо место, – гласи објавата на Барса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни