Поврзете се со нас

Евролига

Барселона му одржа лекција на Партизан, Олимпијакос славеше во грчкото дерби (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Барселона ја оправда фаворитската улога и славеше над Партизан со 94:76 во вечерашното соочување во „Палау Блауграна“ во рамките на 29. коло во Евролигата.

Каталонците жестоко се борат за второто место на табелата, додека „црно-белите“ за плеј-ин фазата за која се уште се во игра и покрај тоа што имаат негативен биланс 13-16.

Барса доби три од четирите чевртини, лидери беа Лапровитола и Ернангомез кои постигнаа по 17 и 15 кошеви. На другата страна залудна беше извонредната партија на Аврамовиќ од 27 кошеви.

Олимпијакос пак излезе како победник од големата грчка пресметка со Панатинаикос. Во борбен меч, „црвено-белите“ триумфираа со 71:65 и со тоа ја продолжија победничката низа во елитното натпреварување. Рајт со 19 поени ја предводеше листата на стрелци, Нан за поразените реализираше 17 кошеви.

Останати резултати:

Фенербахче-Валенсија 118:88

Црвена Звезда-Макаби Тел Авив 80:84

Алба-Монако 82:90

Басконија-Милано 88:73

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни