Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона го продаде прецртаниот стопер од Чави на клуб од Ла Лига (Фото)

Објавено

на

Покрај ангажманите на звучни засилувања, Барселона продолжува и со чистката во првиот тим, па така попладнево пристигна информација за шестиот играч кој е продаден ова лето.

По Кутињо, Ленгле, Јутгла, Манај и Тринкао, Барселона попладневно му договорир трансфнер на Оскар Мингеса, а следен кој треба да си замине е Рики Пуч кој има договорено трансфер во Лос Анџелес Галакси.

Пред да дојде до официјална потврда за тоа, Барселона извести за продажба на талентираниот дефанзивец кој има 23 години, но кој сепак не се најде во амбицозните планови на Чави за новата сезона.

Мигеса веќе подолго време преговораше за останување во шпанската Ла Лига, а на крајот успеа да се си пронајде средина во редовите на Селта Виго.

Клубот од Галиција го потврди Мингеса како свој играч до 2026-та година, но Барселона го задржува правото да го врати, или да заработи 50 проценти од неговиот иден трансфер во друг клуб. До денеска, целиот фудбалски живот на Мингеса беше поврзан со Барселона, но сега производот на „Ла Масија“ ќе мора да се докажува и надвор од матичниот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни