Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бархуан: Барселона може да ја врати почитта само на еден начин

Објавено

на

Барселона не успеа да се избори за трите бода ниту на дуелот против Алавес во Примера, но време за враќање назад нема затоа што пред каталонците е нов предизвик и тоа во Лигата на шампионите.

Клубот од „Камп Ноу“ гостува во Украина кај Динамо Киев каде целта е да се освои целиот плен, да се победи затоа што тоа е единствениот начин за да се оставе во игра за минување на оваа групна фаза. Привремниот тренер Серхи Бархуан е свесен дека мора да се дојде до резултатот што се посакува, триумф кој и е повеќе од потребен на оваа група за да ја крене самодовербата која исто е падната по лошите резултати сезонава.

-Барселона има обврска секогаш да победува. Има слаби моменти како сега. Но мораме да продолжиме да победуваме. Единствениот начин да ја вратиме почитта е да победуваме. Мораме да испратиме порака. Победата би донела радост и ќе го трансформира ставот на играчите во позитивизам. Горд сум што сум тука. Мораме да бидеме силни. Навистина верувам дека овој тим е способен да го врати овој момент и покрај отсуствата, -вели Серхи за кого ова ќе биде деби како тренер во ЛШ.

-Чест е да се биде тренер на Барселона за натпревар од Лигата на шампионите. Играчите се навикнати на притисок. Ова е посебен меч. Тоа е во наши раце. Мора да го играме нашиот стил. Играње заедно како тим, посед на топка, разговор, наоѓање простор. Ова е она што ни носи радост. Немам многу време, но морам да го искористам максимумот., -порача Бархуан.

Добри вести за Барса е тоа што во комбинација за настап ќе бидат Араухо, Фати, Дембеле и Де Јонг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни