Поврзете се со нас

Свет

Барди ја зголемува македонската репрезентативна колонија во Турција

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди и дефинитивно ќе си замине од Леванте, а како што стојат работите и од Шпанија и кариерата ќе ја продолжи во турскиот шампионат.

Еден од најдобрите наши репрезентативци ќе реализира трансфер во турскиот шампион, Трабзонспор со кого утре треба да ги мине медицинските прегледи.

Барди се согласил за тригодишен договор со Трабзон, додека пак Леванте исто така пуштил рака со турскиот клуб и ќе добие сума од три милиони евра за фудбалерот од средниот ред.

„Марка“ пишува дека трансферот бил среден во многу брз период и играчот уште утре ќе биде во Турција за да се комплетира целата операција.

Барди ќе ја зголеми македонската репрезентативна колонија во Турција. Од пред неколку дена Езгјан Алиоски е член на Фенербахче, додека таму настапуваат и Лука Станковски кој игра во Газиантеп, Јован Манев и Арда Куртулан играат во Адана Демиспор, додека пак Валон Етеми го носи дресот на Истанбулспор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни