Поврзете се со нас

Германија

Баерн со неколку проблеми, Нагелсман потврди кого ќе одмори против Бохум

Објавено

на

Баерн Минхен ќе биде голем фаворит во дуелот со Бохум во Бундеслигата, но тренерот Јулијан Нагелсман ќе мора да одмори неколку фудбалери кои се жалат на повреди.

Она што е сигурно дека младиот Џамал Мусиала нема да биде во комбинација, затоа што тренерот не сака да ризикува со тинејџерот кој игра во одлична форма.

– Мусиала има проблем со препоните и веројатно нема да игра. Не е ништо сериозно, ако беш финале на Лигата на шампионите сигурно ќе настапеше, но вака мора да бидеме внимателни бидејќи имаме уште многу натпревари сезонава, – изјавил Нагелсман.

Проблемите имаат и Серж Гнабри и Матијс де Лихт.

– Гнабри има проблеми со зглобот и адукторот, но можеби ќе добие минутажа на оваа средба. Де Лихт повреди лигамент на раката, правеше детални прегледи и останува да видиме дали ќе има болки, – порачал тренерот на Баерн.

Баварците му гостуваат на Бохум во недела од 17:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни