Поврзете се со нас

Германија

Баерн му одговори на агентот на Дејвис: Во одреден момент од животот…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Германскиот великан Баерн Минхен треба да реши неколку важни прашања во наредниов период, а едно од нив е иднината на Алфонсо Дејвис.

Канаѓанецот калкулира кога е во прашање иднината, има понуда на маса за продолжување на соработката со Баерн, но од друга страна силен интерес за него има од Реал Мадрид. Во таборот на баварците се свесни за ова и немаат намера повеќе да го чекаат бекот и бараат одговор од него, поточно е поставен ултиматум за да се каже дали се прифаќа или не нивната последна понуда.

Ова не му се допадна на агентот на фудбалерот, меѓутоа во Баерн не попуштаат и е испратена уште една порака од страна на спортскиот директор, Макс Еберл.

Агентот на Дејвис се жали: Не е фер ултиматумот кој го постави Баерн

-Не сме под притисок. Има нормален однос помеѓу играчот и клубот. Тоа е сосема нормално. Сметаме дека дадовме многу фер и коректна понуда. Во одреден момент од животот треба да кажете да или не, така е. Не можам да го чекам денот пред Божиќ и да кажам дека „од небо ќе падне одлука во одреден момент“. Одлуките треба да се носат од сите страни“.

-Мора да падне некој камен… Сосема е легитимно дека треба да донесете одлука во одреден момент, без разлика дали тоа е Алфонсо Дејвис или некој друг играч, -порача Макс за „Скај Германија“.

Актуелниот договор на Дејвис му завршува на 30 јуни 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни