Поврзете се со нас

Германија

Баерн има и план Б: Доколку не пристигне Чаби, ќе тргне по менаџер од Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04_en

Баерн Минхен ќе има ново турбулентно лето и се очекуваат доста промени на „Забенер Штрасе“, а највлијателно треба да биде новото тренерско име кое ќе пристигне во Баварија.

Без оглед на завршницата на сезоната, Баерн веќе договори разделба со Томаст Тухел и тој ќе стане минато за клубот од Минхен, кој во овој момент со полна пареа работи и за пронаоѓање на идеална замена.

Прва опција на клубот е Чаби Алонсо и баварците отворено говорат за интересот за тренерот на Баер Леверкузен, но тој сепак не е единствениот на листата на потенцијални кандидати.

Како што јавува угледниот „Скај“, Баерн планира да ги интезивира преговорите со шпанскиот стручњак во самиот финиш од сезоната, но истовремено, подготовува терен и за планот Б од Премиер лигата.

Познатиот медиум преку својот новинар Флоријан Плетенберг известува дека втор најсериозен кандидат на Баерн е Роберто Де Ѕерби, италијанскиот стручњак кој го води Брајтон и кој воодушеви со своите методи кои ги прикажа во англиската елита.

Според изворите на Плетенберг, баварците веќе стапиле во контакт со претставниците на Де Ѕерби и ја „опипале“ ситуацијата, па сега останува да се види во кој тек ќе се развиваат преговорите со Алонсо во наредните два месеци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни