Поврзете се со нас

Лига на нации

Бабунски: Можеме подобро и ќе бидеме многу подобри

Објавено

на

Давид Бабунски го одигра второто полувреме на вчерашната средба против Бугарија во Лигата на шампионите, минути во кои донесе свежина, динамика во нашата игра која беше доволно да постигнеме погодок преку Милан Ристовски за конечни 1-1.

Сите во нашиот табор се свесни дека можевме да се избориме за многу подобра резултат од овој, да дојдеме до трите бода, па Давид верува дека веќе на следните мечеви ќе можеме да се радуваме на победи, но и поквалитетна игра.

-Можевме подобро и ќе бидеме многу подобри. Среќен сум што повторно заиграв за репрезентацијата после долго време. Ви благодарам многу на сите за поддршката, -порача членот на унгарски Дебрецин.

Пред момците на Милевски сега е двомечот со Гибралтар, па соочувањето со Грузија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни