Поврзете се со нас

Македонија

Бабиќ ја имаше првата прозивка, Пелистер во понеделник заминува во Маврово

Објавено

на

Тимот на Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона во која влегува со високи амбици.

Битолчани тргнаа со состанок на кој тренерот Жељко Бабиќ ја претстави програмата за работа во наредниот период. „Фармацевтите“ направија многу промени во играчкиот кадар, дојдоа Мандалиниќ, Кушан, Мараш, Периќ, Костески, Кукуловски и Танкоски, додека пак си заминаа Митревски, Јотиќ, Остроушко, Шевелев, Петровски и Кузманоски што значи дека пред тренерот Бабиќ е доста работа за да екипата функционира, игра како што тој посакува.

Пелистер во понеделник заминува на подготовки во Маврово каде ќе остане две недели. Потоа следуваат два турнири во Струга и Атина по што ќе се знае на какво ниво е екипата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни