Поврзете се со нас

Шпанија

Азар комплетно изненади со новиот автомобил на тренингот и ги стави во втор план луксузот и брзината (Видео)

Објавено

на

Видео објективот на угледниот „АС“ редовно ни ги прикажува луксузните автомобили на големите ѕвезди со кои тие пристигнуваат на тренинзите, а последниот „улов“ на тренингот на Реал Мадрид ги остави изненадени снимателите поради драстичната промена која ја направи Еден Азар.

Белгиецот пред десетина дена го презентираше своето ново Ламборгини во Валдебебас центарот вредно половина милион евра и со истото продефилира во тренинг комплексот, за сега да направи комплетно драстичен чекор, со кој секако ќе заштеди многу средства, но и ќе ја штити околината.

Азар пристигна со електричен Нисан во комплексот на „кралскиот клуб“ и навистина изненади со промената на превозното средство, а тоа беше снимено од страна на „АС“ кој ни го прикажа новото видео, но потсети и на она пред извесно време.

По објавата на видео веста, беше обелоденето дека Азар од крајот на изминатиов месец е нов член на семејството „Нисан“ и заштитно лице на кампањата за електричните возила, кои мора да се признае дека не се баш популарни меѓу фудбалерите кои обично сакаат да се пофалат со луксузни и моќни спортски автомобили.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни