Шпанија
Атлетико отиде на „плус седум“, но сите зборуваат за пеналот за победа: Суарез бесрамно се фрли (Видео)

Атлетико Мадрид според многумина се претвора во главен фаворит за титулата во Примера и тимот на Диего Симеоне го потврдува тоа од коло во коло, бидејќи составот на аргентинскиот стручњак знае да добива натпревари и кога не го заслужува тоа.
Бодовите на тешките натпревари знаат да бидат круцијални во борбата за трофејот во домашното првенство, а такво нешто видовме изминатава вечер кога четата на Чоло мина триумфално на гостувањето на „Ипуруа“ со постигнат гол од пенал во 89-та минута. Луис Суарез направи главна разлика на средбата кој се чинеше дека ќе заврши како реми, од едноставна причина што постигна гол за 1:1, се избори за сомнителен пенал, а потоа и го реализираше истиот со мајсторска „паненка“.
Со новите бодови, Атлетико со натпревар помалку отиде на „плус седум“ во однос на второпласираниот Реал Мадрид, но фудбалска Шпанија говори дека „душекџиите“ изминатава ноќ добиле и мала помош со оглед на тоа што познати фудаблски експерти и поранешни судии порачаа дека Суарез го одглумил пеналот.
– Ова беше многу контроверзна ситуација. За мене никако не е пенал, можеби има премал контакт, но очигледно беше дека Суарез се фрли и падна на тревата. За судијата на теренот беше многу тешко поради фактот што станува збор за дуел во трчање, а ВАР не се вмеша поради тоа што играчот на Еибар немаше контакт со топката, – анализираше Итуралде Гонзалес, а доста поостар беше неговиот колега, поранешниот судија Андухар Оливер.
– Арбилја не го допре Луис Суарез. Напаѓачот на Атлетико Мадрид бесрамно се фрли во шеснаесетникот, – порача Андухар.

- Англијапред 22 часа
Еден од играчите на Челси се налутил на Тухел и одбил да преговара за нов договор
- Шпанијапред 21 час
Интересен момент по крајот на натпреварот на „Камп Ноу“: Голманот на Елче се возбуди кога Меси му го побара дресот (Видео)
- Лига на шампионипред 23 часа
Вардар конечно победи во Лигата на шампионите, во Скопје оружјето го положи Елверум
- Лига на шампионипред 20 часа
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Англијапред 22 часа
Тотенхем тргнува по незадоволниот фудбалер на Манчестер Јунајтед
- Лига на шампионипред 21 час
Менди со супер гол во финишот го проби бедемот на Аталанта, Манчестер Сити без проблем во Будимпешта (Видео)
- Лига на шампионипред 11 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Англијапред 24 часа
Нема крај на проблемите за Клоп: Додека го чека враќањето на Гомез и Ван Дајк, сериозна повреда заработи Хендерсон