Поврзете се со нас

Италија

Асистентот на Манчини со став околу една ѕвезда во подем: Тој ќе биде уште посилен

Објавено

на

Асистентот на Роберто Манчини, Аберцио Евани испофали еден репрезентативец на Италија и член натимот на Јувентус.

Станувазбор за младиот Федерико Кјеза кој зад себе остави одлично Европско првенство во кое со својата репрезентација стигна до драгоцениот пехар.

Дека станува збор за голем талент кој во иднина ќе биде уште подобар потврди и Евани во интервју за „Тутомеркато“.

– Кјеза со текот на времето ќе биде уште посилен. Има убиствена промена на брзината и може да ја промени играта како малкумина играчи во Европа. Кога ќе ја постигне својата брзина, нема шанси да го задржите. Тој исто така шутира многу добро со двете нозе, -изјави Евани.

Кјеза во дресот на Јувентус запиша 15 голови и 11 асистенции на 46 натпревари минатата сезона, а многумина очекуваат оваа година да има уште позначајна улога во тимот предводен од Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни