Поврзете се со нас

Балкан

Ашковски претставен во новиот клуб во Грција: Многу сум среќен, се надевам ќе ги оствариме нашите цели

Објавено

на

Стефан Ашковски дефинитивно го реши најважното прашање околу изборот на клубот во кој ќе настапува во актуелнава сезона.

Македонскиот репрезентативец ќе игра во нашето соседство и тоа во грчкиот прволигаш Ламиа кој е предводен од италијанскиот стратег, Џанлука Феста.

-Многу сум среќен што сега сум член на Ламиа. Се надевам дека заедно ќе ги оствариме целите и тимот ќе оди напред, -порача Стефан.

Ашковски како играч може да покрие повеќе позиции, а во досегашната кариера има настапи низ многу држави како Македонија, Србија, Холандија, Романија, Норвешка, Полска, Турција и Бугарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни