Поврзете се со нас

Англија

Артета за ривалството со Сити: Ова нема да влијае на моето пријателство со Гвардиола

Објавено

на

Арсенал во оваа сезона игра на далеку повисоко ниво и стана главен ривал на Манчестер Сити во борбата за пехарот во Премиер лигата.

„Топчиите“ имаат пет бода повеќе од „граѓаните“, плус натпревар помалку од актуелниот шампион што јасно покажува колку добро го одиграа досегашниот дел од актуелнава кампања. Со ова дефинитивно започнува да се раѓа едно ново ривалство, но менаџерот Микел Артета не очекува истото да влијае на неговото пријателство со Пеп Гвардиола на кого му беше асистент од 2016 до 2019 година.

-Секогаш се надевав дека тоа ќе биде така еден ден и тоа се случува оваа сезона. Очигледно тоа нема да промени ниедно пријателство, колку е важен во мојот живот и колку е важен за мојата професија. И двајцата сакаме да победиме и да ги браниме нашите клубови на најдобар можен начин. Така беше секогаш од првиот ден, -порача Артета кој се надева дека Арсенал ќе го совлада Сити во ФА Купот.

-На некој начин тоа ќе ја дефинира нашата сезона, да затоа што ако успееме да победиме во петок, ќе одиме во следната рунда, а тие нема.

-Ова е многу важно натпреварување за нас и победата сигурно ќе го дефинира овој момент, бидејќи ќе ни даде шанса да продолжиме и да го освоиме овој трофеј. Голем тест против најдобриот тим во светот. Со нетрпение го очекувам. Ќе ни каже многу за тоа каде сме, -истакна Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни