Англија
Артета избрал идеален напаѓач од редовите на лондонски ривал

Арсенал не успеа да го симне Манчестер Сити од тронот во Премиер лигата, но менаџерот Микел Артета останува оптимист дека следната сезона „топчиите“ ќе добијат нова и пореална шанса за такво нешто.
Главната разлика може да биде составот, односно засилувањата кои треба да донесат повеќе квалитетни играчи во ротација за шпанскиот менаџер.
Утринава, таблоидот „Сан“ излезе со вест дека Артета е голем фан на Каи Хаверц и ќе се обиде да го убеди Челси да го отстапи германскиот репрезентативец во преодниот рок, во кој и градскиот ривал има најавено голема реконструкција.
Самиот Хаверц размислува за збогување со „Стемфорд Бриџ“ иако има договор до 2025 година, па тоа му дава шанса на Арсенал да преговара за напаѓачот и условите под кои би го ангажирал во своите редови.
Медиумите досега го споменуваа и Реал Мадрид како заинтересиран клуб за Хаверц, но ако шпанскиот клуб не направи нешто конкретно, тогаш Арсенал сигурно ќе биде фаворит за потписот на 23-годишниот фудбалер.
Хаверц одигра 47 натпревари и постигна 9 гола во благо речено конфузната сезона на Челси.
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 13 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Англијапред 3 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Светпред 8 часа
Митровиќ збесна и со рафал од српски пцовки го напушти теренот во Саудиска Арабија (Видео)
-
Германијапред 23 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)