Поврзете се со нас

Англија

Аривабене: Тажно е да се гледа Роналдо во ваква ситуација, но…

Објавено

на

Кристијано Роналдо се обидуваше да пронајде нов клуб во летниот преоден рок, клуб во кој ќе може да се натпреварува за титули и пред се игра во Лигата на шампионите, но таа негова желба не се исполни и тој остана во Манчестер Јунајтед.

Ова значи дека Португалецот ќе биде на „Олд Трафорд“ најмалку до 2023 година и ќе мора за првпат да игра во Лига Европа што за него ќе биде ново искуство. Останува да се види дали тој одново ќе се избори за статус на првотиме во Јунајтед со оглед на тоа што веќе неколку мечеви е резерва и влегува од клупа, ситуација на која никој не е навикнат, па на оваа тема коментар стигна од Торино и тоа од извршниот директор, Маурицио Аривабене.

-Се збогувавме со Кристијано со голема реципрочна почит пред една година, така што тоа што се случува во Манчестер Јунајтед повеќе не е наш проблем. Тажно е да се гледа во оваа ситуација која не е пријатна за него или за неговиот тим, но повторно, тоа повеќе не е наша работа, -рече Аривабене.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни