Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анри за трагичарот на Интер: Ќе го прогонува, ќе мора да живее со тоа (ВИДЕО)

Објавено

на

Интер одигра цврсто, квалитетно финале со Манчестер Сити, финале во кое покажа дека не е аутсајдер како што многу најавуваа, претпоставуваа затоа што максимално се бореше 90 минути на средбата во Истанбул.

„Граѓаните“ славеа со 1-0 со голот на Родри во второто полувреме, но средбата можете да отиде и во друг правец ако Интер искористеше дел од своите шанси, грешки на противникот, а двете ситуации кои дефинитивно најмногу се паметат е оние во кои беше инволвиран Ромелу Лукаку.

Лукаку имаше момент во кој ги изблокира ударот на Димарко, потоа и 100 процентна шанса со глава во која шутираше директно во голманот Едерсон.

Сето ова потсети на промашувањата на напаѓачот од СП од дуелот со Хрватска, а Тјери Анри кој многу добро го познава Белгиецот даде краток коментар:

-Ќе мора да го мине низ токму она низ што мина по Светското првенство. Иако беше тешко она со Димарко, луѓето сепак ќе го обвинуваат. Ударот со глава во шеснаесетникот ќе се врати да го прогонува. Тој ќе мора да живее со тоа. Губев финалиња, добивав финалиња, понекогаш не си на вистинската страна, -порача Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни