Поврзете се со нас

Лига на нации

Ангеловски: Се навикнавме да играме против Грузија со играч помалку, за Тбилиси посакувам едно нешто

Објавено

на

Игор Ангеловски одново можеше да биде горд на реакцијата која ја имаа неговите фудбалери во ситуација кога работите изгледаа многу лошо на теренот, бидејќи во период од седум минути, Македонија вечерва најпрво остана без Столе Димитриевски, а потоа прими и гол за 0:1.

Македонскиот чувар на мрежата се самоисклучи со намерно играње со рака надвор од шеснаесетникот, а во 75-та минута, гостите поведоа со 0:1 благодарение на фантастичниот продор на Кварашкелија, но тоа не ги обесхрабри нашите фудбалери кои уште еднаш покажаа карактер и се изборија за херојско реми во 93-та минута.

Македонскиот селектор нагласи дека Македонија веќе навикнала да игра против Грузија со играч помалку со оглед на тоа што добивме црвен и во Тбилиси, по што даде коментар и за историскиот меч кој ќе го играме во Тбилиси за еден месец.

– Овој натпревар покажа дека не се предаваме ни кога играме со играч помалку. Некако и се навикнавме да играме против Грузија со играч помалку. Покажавме карактер и не се откажавме, – изјави Ангеловски на пресот, а потоа беше запрашан дали уште отсега го знае списокот на фудбалери кои ќе ги повика на решавачкиот меч против Грузија за пласман на Европското првенство.

– На официјалниот список имавме 23 фудбалери и повиканите се одзваа, дури потоа бевме приморани да повикуваме дополнителни играчи. За Грузија ќе бидат повикани најподготвените 23 играчи во тој момент. Јас најмногу посакувам сите да бидат здрави и подготвени, но останува да почекаме и да видиме како ќе се одвиваат нештата на секој план, – изјави селекторот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни