Поврзете се со нас

Репрезентација

Ангеловски: Репрезентативците ќе го дадат најдоброто, очекувам пласман во финале

Објавено

на

Македонската сениорска фудбалска репрезентација утре ја очекува дуел со Косово од полуфиналето во Лигата на нации, а во нашиот табор постои оптимизам и голема желба за победа со која ќе дојдеме на чекор од место на Европското првенство кое на програмата наредната година.

Селекторот Игор Ангеловски е убеден оти неговите момци се подготвени да го дадат максимумот и дојдат до резултатот кој го посакуваат како тие така и целата македонска нација.

-Убеден сум дека од нашите репрезентативци на овој меч ќе го видете најдоброто од нив. Оваа средба ја чекаме 30 години. Условите се невообичаени, но ќе се прилагодиме како целиот свет. Ќе одиграме максимално, потенцирав дека мора да останеме со ладни глави. Истиот пристап го имаме за секој натпревар, па така и за Косово.

-Се доведовме да бидеме во игра за ЕП. Знам што можат фудбалерите и верувам тоа ќе го сторат. Наша задача е да се подготвиме за секое сценарио. Иако Пандев не е 100 проценти подготвен, оваа средба се игра и на мотивација и инспирација. Нијансите се на наша страна, очекувам ние да одиме во финале, -рече селекторот Ангеловски.

Ако славиме утре против Косово тогаш следниот месец ќе играме финале за место на ЕП со подобриот од Грузија-Белорусија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни