Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ангеловски пред последниот меч во ЛШ: Вардар беше државен проект, а Металург губеше по 15 гола разлика

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер полека ја привршува својата сезона во Лигата на шампионите, а на гостувањето во Норвешка патува со 13 претрпени порази на исто толку одиграни натпревари.

Кам-бекот во најелитното натпреварување покажа дека Пелистер во овој момент не може да се носи со најсилните ривали во Европа, па така пред натпреварот со Колштад, тренерот Бранислав Ангеловски направи и една споредба и паралела со останатите два клуба кои претходните години ја претставуваат Македонија во Лигата на шампионите.

– Ние треба да сме горди од самото играње во Лигата на шампионите, ние го претставувавме нашиот клуб, нашиот град и нашата држава. Пред да станеме шампиони, со години наназад се зборуваше дека нема да можеме да играме во Битола и дека ќе треба да играме во Скопје. Организациски извлековме максимум од оваа сала, благодарност до општината и сите спонзори кои се локални.

– Не заборавајте дека ние го имаме најмалиот буџет во Лигата на шампионите. Екипи од Лигата на Европа имаат двојно поголем буџет од нас, но и тие не ја минаа групата во тоа натпреварување. За нас е престиж што игравме со вакви тимови, секој почетокот е тежок. Металург во првата сезона во Лигата на шампионите губеше по 15 разлика од Чеховски Медведи и Загреб, а потоа дојде до ситуација да се надева на фајнал-фор.

– Слично беше и со Вардар пред Самсоненко и по неговото доаѓање. Мора да се сфати дека Пелистер е локален клуб и не е државен проект. Вардар беше национален проект и тоа не е случајот со нас. Секако дека би сакал тоа да се случи и со нас, Пелистер и Битола заслужуваат такво нешто, исто како и било кој друг клуб од Македонија, – изјави Ангеловски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни