Поврзете се со нас

Репрезентација

Ангеловски пред Лихтенштајн: Сакам да поведеме уште од првата шанса

Објавено

на

Македонија го остави зад себе поразот од Романија во Букурешт и сега фокусот е на пресметката против Лихтенштајн која ја играме утре од 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Целта е јасна, да дојдеме до три бода и на тој начин да го потврдиме фаворитскиот статус и со тоа во добро расположение да ја дочекаме битката со големата Германија. Во Букурешт имавме проблеми со реализаицијата и покрај тоа што дадовме два гола, па селекторот Игор Ангеловски се надева дека утре ќе бидеме подобро во тој дел и брзо ќе постигнеме погодок со кој би си го отвориле патот до посакуваниот резултат.

-Ние ја прифаќаме улогата на фаворити. Многу пати бевме во таква ситуација и покажавме дека можеме да победиме, се надевам така ќе биде и утре. Лихтенштајн е подмладен во однос на 2018 година, тие се анализиравме и се зависи од нас. Сакам утре да поведеме уште од првата шанса. Не можам да им замерам ништо на играчите за дуелот во Романија освен за завршницата и процентот на реализација, -порача Ангеловски.

Досега со Лихтенштајн имаме одиграно девет мечеви, а билансот е комплетно на наша страна со осум победи и едно реми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни