Поврзете се со нас

Балкан

Ангелов двоен стрелец во победата на Широки Бријег (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Виктор Ангелов беше двоен стрелец за Широки Бријег во победата над Слобада Тузла во рамките на 17. коло во Босна и Херцеговина.

Домаќините славеа со 3-0, а нашиот напаѓач ги даде првите два гола на средбата во 6 и 17 минута со што всушност ги најави трите бода на Широки. Ова за поранешниот младински репрезентативец беше трет сезонски погодок во елитната фудбалска конкуренција во БиХ.

Широки Бријег со 28 бода е на 5 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни