Поврзете се со нас

Пливање

Андреј Стојаноски на чекор до нов медал од светските првенства

Објавено

на

Македонскиот пливач Андреј Стојаноски денеска имаше успешен настап во трката 200 метри слободно на Светското првенство во пливање за лица со оштетен слух, откако утринава избори пласман во финалето со време 1:56.45 , а вечерва со време од 1:54.37 стигна до четвртото место.

Бронзениот медал во оваа дисциплина му избега за 16 стотинки, а неговото најдобро време во оваа дисциплина, постигнато пред една година е 1:53.32 и повторно ќе беше доволно за трето место.

Вчера, пливајќи во дисциплината 100 метри градно Стојаноски го освои петто место со лично најдобро време.

Светското првенство се одржува во Гливице, Полска, а се плива во кратки базени. Андреј во 2015 година освои сребрен медал на Светското првенство во Сан Антонио, Тексас.

Според програмата, во петок и сабота Стојаноски ќе настапи во своите дисциплини 400 метри мешано и 200 метри мешано, за кои што се подготвуваше со тренерот Методија Ангелески.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни