Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти за дадените шанси на Реал за нов пехар во ЛШ: Тоа го гледам како добар знак…

Објавено

на

Реал Мадрид утре ја започнува одбраната на титулата во Лигата на шампионите и тоа против Селтик во Глазгов.

„Кралевите“ се фаворити на овој дуел, но ќе мора тоа да го потврдат на „Селтик Парк“, терен на кој домашните играчи ќе имаат огромна помош од публиката. Меѓутоа Реал е искусна екипа, екипа со многу мечеви и се очекува да го даде најдоброто од себе, а со тоа да испрати јасна порака дека и сезонава ќе се обиде да биде на врвот или да ја задржи сегашната позиција.

Имено обложувалниците, па и оние кои се занимаваат со аналитички проценки на сите релевантни фудбалски натпреварувања не го ставаат Реал меѓу главните кандидати за пехарот, ситуација која му се допаѓа на тренерот Карло Анчелоти.

Баерн е прв фаворит за титулата во ЛШ

-Не сум изненаден што ставаат во позадина во обложувалниците. Тоа го гледам како добар знак, лани ни дадоа уште помала шанса во статистиката. Оваа година се подобривме, имаме малку повеќе… Мислам дека ќе биде исто како и минатата година, ќе се натпреваруваме до крај и се надевам дека ќе можеме да се натпреваруваме до финалето, -порача дон Карло.

Во групата на шпанскиот шампион се уште Шахтјор од Украина и РБ Лајпциг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни