Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти исклучи првотимец од тренингот, разочарувањето кај играчот за врска беше големо (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт ќе ги одмерат силите вечерва во Хелсинки во европскиот Суперкуп, натпревар во кој играат победниците во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

„Кралевите“ влегуваат како големи фаворити и Анчелоти најави дека ќе игра речиси со истиот тим кој победи во големото финале во Париз против Ливерпул, но во последниот тест за денешниот меч, понудил и ситуација која привлече големо внимание за објективот на „Чирингито“.

Специјализираната шпанска емисија долови една интересна ситуација од вчерашниот тренинг во Хелсинки, на кој Анчелоти исклучил двајца играчи од мечот во кој играле два тима, стартери против резерви.

Дани Себалјос и Хесус Валјехо биле играчите кои биле ослободени од вториот дел од мечот, а тоа доста тешко го прифатил играчот за врска.

Себалјос е во последната година од договорот со Реал, па иако му беа дадени одврзани раце од Анчелоти да направи трансфер, до овој момент неговиот став е дека ќе се бори за место во тимот на Италијанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни