Поврзете се со нас

Македонија

АМС ваучери: РФМ доби највисока парична награда, Шкендија и Шкупи доминираат меѓу клубовите (Фото)

Објавено

на

Агенцијата за млади и спорт денеска ги објави извештаите за толку очекуваните ваучери за 2023-та година, парични средства кои треба да им помогнат на најважните спортски федерации, клубови и индивидуални спортисти од нашата земја.

Во три одделни категории (Активни спортисти, Национални спортски Федерации и Спортски клубови), АМС денеска ги објави имињата на сите кои се дел од буџетот за новата календарска година, а исто како и лани, најмногу пари доби најуспешната Федерација во Македонија.

РФМ доби ваучер од 14 милиони денари, по неа следи кошаркарската Федерација со 12,3 милиони денари, на трето место е одбојкарската Федерација со 10,8 милиони денари, додека одново нема ниту еден денар за Фудаблската Федерација на Македонија.

Кога се фудбалските клубовите во прашање, Шкендија и Шкупи доби најголеми ваучер со висина од 11,5 милиони денари, следи Академија Пандев со 10,5 милиони денари, додека Македонија Ѓорче Петров и Струга добија по 8,5 милиони денари, 500 илјади денари повеќе од Работнички.

Вардар како најуспешен фудаблски колектив во нашата земја во моментов се натпреварува во Втора лига, па поради тоа доби ваучер од само 1,9 милиони денари.

За разлика од фудбалскиот клуб, ракометниот клуб на Вардар доби највисок ваучер од 17 милиони денари, а на второ место е Еурофарм Пелистер со 15,5 милиони денари.

Во индивидуалните спортови, Дрита Ислами доби највисок ваучер од 300 илјади денари, а втор е Дарио Ивановски со ваучер од 200 илјади денари.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни