АТП
Американската тениска асоцијација се надева дека Ѓоковиќ ќе игра на Ју-Ес Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се уште не може да влезе во САД поради строгите правила поврзани со коронавирусот кои ги има во оваа земја.
Во САД се уште е забрането да влегуваат лица кои не се вакцинирани против Ковид-19, па Ѓоковиќ досега пропушти два Мастерси, на Индијан Велс и во Мајами.
Сепак, од Тениската асоцијација на САД се надеваат дека Ѓоковиќ на крајот ќе добие зелено светло и ќе заигра на Ју- Ес Опен, како и на турнирот во Синсинати кој е еден од омилените на првиот светски рекет.
– Правилата кои се однесуваат за влезот во САД ги одредува Белата Куќа. Имаме надеж дека правилата кои му оневозможуваат на Новак влез во САД ќе бидат укинати или релаксирани наскоро. За Ју- Ес Опен не постојат ковид рестрикции за играчите и навивачите. Новак е еден од најголемите шампиони на нашиот спорт и ќе биде добредојден да се натпреварува на Ју- Ес Опен 2023 година, -изјави портаролот на УСТА, Крис Видмајер.
Инаку,најавите се дека од април во САД ќе бидат релаксирани мерките против Ковид- 19 и конечно и невакцинираните лица ќе добијат дозвола за влез во земјата, што значи дека Ѓоковиќ сепак би можел да добие прилика да игра на Ју- Ес Опен.
-
Англијапред 18 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 16 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 21 час
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 20 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
АТПпред 8 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Германијапред 18 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 19 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 11 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)