Поврзете се со нас

Италија

Амброзини: Тој не може да го предводи нападот на Милан

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан може да остане без услугите на Оливие Жиру по крајот на оваа сезона што секако ќе биде удар за екипата со оглед на искуството, квалитетот, знаењето на францускиот ас и покрај тоа што има 37 години.

Ако тој си замине клубот од Милано ќе мора да реагира и да донесе соодветна замена затоа што во тој случај класична деветка ќе биде само Лука Јовиќ кој според Масимо Амброзини не може да биде играчот кој би го предводел нападот на „црвено-црните“.

-Отсекогаш имав чувство дека на Јовиќ нешто му недостига. Тој е момче кое може да има влијание во избалансирани игри, но ќе се мачи да покрие некоја поважна улога. Милан создава многу и напаѓачите имаат шанси. Сепак, росонерите не можат да се потпрат на Јовиќ како стартен напаѓач следната сезона.

-Останува да се види дали тој може да го подобри својот став на теренот, но се бара повеќе од стартен напаѓач на Милан, -порача Масимо кој долго време беше дел од италијанскиот великан.

Инаку Лука во актуелнава кампања има дадено 8 гола на 24 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни