Поврзете се со нас

Македонија

Амбициозен потег на чаирчани: Шкупи договори корпулентен голгетер од Русија

Објавено

на

Фудаблскиот клуб Шкупи продолжува со своите активности на трансфер пазарот пред самиот почеток на првенството во Првата Македонската Фудаблска лига, па така оваа вечер потврди еден амбициозен ангажман.

Клубот од Чаир официјално соопшти дека е договорен рускиот голгетер Џамал Дибиргаџиев, фудбалер кој со своите 192 сантиметри претставува голема опасност за ривалите во противничкиот шеснаесетник.

Шкупи со големо задоволство го потврди трансферот на корпулентниот напаѓач кој има 24 години, а кој се очекува да пристигне во Скопје утре претпладне.

Во официјалната вест, се нагласува дека Дибиргаџиев ги минал лекарските прегледи во Истанбул и таму бил склучен и потпишан тригодишниот договор, па веќе утре се очекува да биде дел од тренингот кој ќе го предводи тренерот Бајрами.

Дибиргаџиев во минатото има играно во руската Премиер лигата, а последно настапувал за тимот на Черноморец од родната земја каде на 16 натпревари постигнал дури 12 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни