Поврзете се со нас

Франција

Алвеш го закачи Мбапе: Мора да разбере една работа, има двајца феномени кои се поголеми од него!

Објавено

на

Дани Алвеш се израдува на првата победа со Бразил на Светското првенство во Катар, но пред овој натпревар ветеранот одработи интервју за реномираниот италијански медиум „Газета Дело Спорт“ каде отворено говореше на повеќе теми.

Тој имаше што да каже за неговата етапа во Италија во Јувентус, потоа ги издвои најдобрите модерни бекови, но во исто време го закачи Килијан Мбапе. Бразилецот посочи дека напаѓачот мора да рабере една работа, а тоа дека не е прва ѕвезда на ПСЖ, односно дека Нејмар и Лионел Месе се подобри, поквалитетни играчи од него.

-Мбапе е феномен кој уште не разбрал дека тие што играат со него во напад се поголеми феномени од него. Нејмар и Меси се уникатни: тие гледаат и прават работи што никој не ги гледа или не може да ги направи. Голем играч мора секогаш да знае и да разбере со кого игра, соиграчите ги збогатуваат твоите квалитети. Треба да си интелигентен за да го искористиш потенцијалот на Нејмар и Меси, кои се двајца фудбалски генијалци. Ако Мбапе им ја даде топката на двајцата ќе постигнеше 150 гола, -порача Дани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни