Поврзете се со нас

Шпанија

Алвес испрати порака до Барселона и Меси: Ќе биде многу добро…

Објавено

на

Големиот борец Дани Алвес доби втора шанса во Барселона и веќе настапи на неколку натпревари од почетокот на оваа календарска година.

Бразилецот го прифати повикот и се врати на „Камп Ноу“ за да помогне да се изгради нова победничка генерација на каталонците, екипа која ќе може да биде конкурентна и ги напаѓа трофеите во сите натпреварувања.

Секако за тоа ќе биде потребно одредено време, трпение, секако и финансиски средства за да тренерот Чави Ернандез состави тим како што посакува, состав кој ќе може да дојде до посакуваните цели.

Дани е пресреќен што одново е дел од Барса, па се надева дека по неговите стапки ќе тргне и Лионел Меси, односно верува дека Аргентинецот и клубот можат и мораат да најдат решение одново да се спојат.

-Меси е најдобриот играч во историјата на фудбалот. Чудно е да се биде овде и да не го гледам, да го немаш во тимот. Понекогаш работите не се случуваат како што сонуваме. Веќе му кажав дека нема да биде на подобро место од овде.

-Истото ми го кажа на мене кога заминував. Би било многу добро ако Меси овде ја заврши кариерата, -порача секогаш искрениот Алвес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни