Поврзете се со нас

Македонија

Алушовски бесен на ЕХФ: Вардар се спасува од колапс, како да дојдат нови спонзори?

Објавено

на

Вардар никако не може да биде задоволен од случувањата во вториот дел од месец септември, бидејќи се уште актуелниот европски првак на двапати залудно се подготвуваше за натпреварите во Лигата на шампионите.

ЕХФ најпрво го одложи натпреварот во Скопје на кој Вардар требаше да му биде домаќин на Елверум, а на почетокот на оваа седмица, го откажа и дуелот против ПИК Сегед кој требаше да се одигра во Унгарија. Ова во ниту еден случај не е позитивна вест за Стевче Алушовски и играчите на Вардар, кои во среде сезона се најдоа во период кога го губат натпреварувачкиот ритам, како да станува збор за зимска пауза.

– Последен натпревар што го игравме беше на 16 септември, сега е 2 октомври. Два мини циклуси што ги планиравме ги прекинавме кога формата на екипата требаше најмногу да биде подигната на едно ниво. Ако кажеме дека се подготвуваме за дуел во среда и така тренираме, во недела или понеделеник добиваме информација дека мечот е одложен. Играчите немаат мотив, бидејќи сме се спремале за еден противник, сме излегле од сите процеси на учење и усовршување, и сме подготвувале една тактика. Овие две седмици ни се промашени во делот на надградување на играта и формата. Сега на 15 октомври е прв меч со Флензбург. А тој период што измина е една зимска пауза. Треба да држиш тензија, да се држиш во натпреварувачки ритам. Баравме да играме со Еурофарм Пелистер, но рекоа дека неможат бидејќи имале повредени играчи, вели Стевче Алушовски во интервјуто за клупскиот веб сајт.

– Ако не играме натпревар од СЕХА лигата, се надевам дека Металург ќе ни излезе во пресрет и ќе можеме барме да одиграме некој меч. Се гледа дека формата оди во надолна линија. Флензбург играше неколку силни натпревари, екстра дуели, со силни ривали, со висок ритам, а ние тренираме со замислен противник, и потоа не играме. Мислам дека сме многу хендикепирани.
Држиме позитивна атмосфера, се трудиме да го искористим на најдобар начин, со тренирање со висок интензитет, – додава тренерот на Вардар, кој во продолжение направи и една споредба меѓу фудаблските и ракометните случувања.

– За мене е несфатливо како Тотенхен можеше, а Елверум не можеше да дојде во Скопје. И Швајцарија има строги протоколи, па Криенс дојде да игра меч со Металург. Несфатливо е дека ПИК Сегед беше во Полска, а потоа дома не можеше да организира средба. Но, се менуваат многу правилата. Се надевам дека нема да дојдат уште полоши времиња. Клубот се спасува од колапс, дојде човек што го сака, и ете немаме натпревари, не можеме да ја подигнеме формата, да дојдат и нови спонзори во клубот. Мораме на тренинг добро да тренираме, секој играч да биде фокусиран. Само така можеме да се надеваме на добра форма, – потенцира Алушовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни