Поврзете се со нас

АТП

Алкарас и Медведев доставија кандидатура за поен на годината, Шпанецот е крал во пустината! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Карлос Алкарас втора година по ред е најдобар во калифорниската пустина, а статусот на актуелен крал во Индијан Велс го потврди со доминантно издание во финалето со Данил Медведев.

Репризата од минатогодишното финале донесе далеку поатрактивен тенис во првиот сет и Медведев имаше свои шанси во тајбрејкот, но откако го загуби 13-от гејм, играта на Русинот целосно се распадна и постоеше само еден играч на теренот.

Алкарас со 7:6 и 6:1 ја одбрани титулата на Индијан Велс и се закити со 13-та титула во својата кариера, прва по онаа на Вимблдон од минатата сезона.

За да биде сатисфкацијата уште поголема, Алкарас го освои и најдобриот поен во големото финале, а размената беше до толку добра, што двајцата доставија кандидатура за поен на годината.

Шпанецот се врати од невозможна позиција и го принуди Медведев да одигра смеш, па откако и во таа ситуација остана во игра, на крајот поентираше со неверојатен пасинг удар и со тоа ја крена на нозе публиката на стадионот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни