Поврзете се со нас

Македонија

Алкалоид се претстави со спектакуларно деби на македонската ракометна сцена

Објавено

на

Новоформираниот ракометен клуб Алкалоид тргна спектакуларно на дебито на македонската сцена, остварувајќи преубедлива победа во првиот тест кој го имаше во нашата лига.

РК Алкалоид славеше во дуелот со Металург РА со 37:18 и демонстрираше доминација во текот на целиот меч, стартувајќи ја новата прволигашка сезона на најимпресивен можен начин.

Љубомир Савевски како тренер на новоформираниот состав може да биде презадоволен од одговорот кој го дадоа неговите млади ракометари, бидејќи по само 30 минути игра беше јасно дека Алкалоид ќе ги освои првите бодови како колектив.

Уште по првиот дел, Алкалоид имаше предност од 19:9, а во продолжение само растеше предноста и на крајот оствари победа изразена со неверојатни 19 голови разлика.

Александар Стојков се истакна како најдобар стрелец со девет реализации, Кофиловски постигна седум гола, а со еден помалку мечот го заврши Тодески.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни