Македонија
Алкалоид по вторпат го победи Вардар: Македонски вицешампион и настап во Европа!

Алкалоид му ги замати сметките на Вардар во обидот да стигне до шампионска титула, но сега го остави најтрофејниот клуб во Македонија и без второто место во директната битка која денеска се играше во „Јане Сандански“.
Откако Еурофарм Пелистер го подигна пехарот на мечот со Тиквеш, единствена непозната беше само второто место на табелата, кое на крајот му припаѓа на Алкалоид кој оствари историски успех во својата премиерна сезона во македонсата елита.
Момчињата на Кирил Лазаров по вторпат оваа сезона му земаа мерка на Вардар, овојпат на гостински терен во Аеродром и со тоа обезбедија директно учество во ЕХФ Лигата на Европа.
Натпреварот почна со подобар ритам на Вардар го поведе со 5:3, но Алкалоди направи серија од 4:0 и почна да го диктира темпото на играч. Младите играчи на македонскиот селектор имаа предност од 12:8 во самата завршница на првиот дел, но Вардар врза два гола и на полувреме се замина со 12:10.
По 15-тина минути игра во вториот дел, Вардар дојде до егал ситуација и израмни на 18:18, но повторно скапо ја плати деконцентрацијата и му дозволи на Алкалоид да се одлепи, што беше пресудно за конечен пораз од 21:25.
Со ова, Вардар ја завршува сезоната на третото место, па доколку добие дозвола од ЕХФ да игра во Европа, ќе игра квалификации во Лигата на Европа.
-
Англијапред 23 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 22 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 10 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
НБАпред 23 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Шпанијапред 21 час
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти откако Белингам првпат остана без минутажа на теренот: Џуд ми ја олесни работата
-
Шпанијапред 20 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)