Поврзете се со нас

Свет

Алиоски асистент во драмата со седум погодоци (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски продолжи со добрите настапи во Саудиска Арабија каде денеска беше дел од драмата со седум голови меѓу неговиот Ал Ахли и Ал Итихад.

Гостите поведоа со 3-0 по 41 минута за да во судиското продолжение надежта за домаќините ја врати Едуардо. Во вториот дел Ал Ахли успеа со два гола да дојде до 3-3 со тоа што при вториот кој беше ремек дело на Мајхада асистент беше токму нашиот Алиоски.

Сепак фудбалерите на Ал Итихад го имаа последниот збор и го зададоа последниот удар во судиското продолжение преку Хамдалах кој беше сигурен реализатор на ударот од 11 метри.

Ова за Џани беше 6 асистенција сезонава, а зад своето име има и 5 голови. Ал Ахли со 25 бода е на 9 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни