Поврзете се со нас

Италија

Алексис му прави проблем на Интер, одбил четири примамливи понуди

Објавено

на

Од раководството на Интер мака мачат да се ослободат од дел од своите фудбалери со што значително би ја ослободиле банкарската сметка и би избегнале санкции поради прекршување на правилата од Финансискиот фер плеј.

Еден од играчите на кои не се смета на „Меаца“ е Алексис Сначез кој ни во Интер не успеа да се наметне како стабилно решение за тимот, па од клубот се решиле дека најдобро е тој да биде продаден.

Сепак, 33 годишниот фудбалер не сака да мрдне од Интер и како што пишуваат медиумите во Италија веќе одбил четири примамливи понуди.

Два клуба од Шпанија, еден од Турција и еден од Франција пројавиле интерес за Чилеанецот, но тој одбил дури да влезе и во преговори со нив.

Наводно Севилја, Галатасарај и Марсеј стапиле во контакт со играчот, а последниот клуб кој бил одбиен од Санчез е Вилјареал.

Договорот на Санчез со Интер е до 2023 година, а според најавите тој очекува да влезе во преговори со клубот за спогодбено раскинување на истиот, па така да заработи повеќе пари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни