Поврзете се со нас

Италија

Алегри со директна порака до Роналдо: Зборував со него, мора да…

Објавено

на

Масимилијано Алгери се врати во таборот на Јувентус и има намера одново да создаде победнички тим, состав кој ќе може да одговори на сите задачи и предизвици.

Познато е дека италијанскиот стратег сака ред и дисциплина, одговорност, тим во кој секој знае што треба да направи, одработи затоа што екипата е најважна, пред индивидуалецот. Поради тоа Алегри веќе разговарал со играчите меѓу кои и Кристијано Роналдо на кого јасно му порачал што очекува од него во кампањата која престои.

-Зборував со Роналдо како и со останатите играчи. Му реков дека следната сезона е важна и дека сум среќен што повторно го гледам. Но, исто така тој ќе има поголема одговорност отколку пред три години кога му се приклучи на далеку поскусен тим. Јас не очекувам само многу голови од Роналдо, туку и пример на искусен играч, -порача Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни