Свет
Ал Хилал приреди изненадување и се пласираше во финалето на светското клупско првенство (Видео)

Првото полуфинале на Светското клупско првенство во Мароко донесе големо изненадување, бидејќи јужноамериканскиот шампион не ја оправда фаворитската улога против Ал Хилал.
Фламенго влезе како голем фаворит во пресметката со тимот од Саудиска Арабија, но во еден луд и френетичен меч, на крајот мораше да се помири со тесен пораз.
Полуфиналето во Тангер тргна лошо за Бразилците поради досудениот пенал, кој во гол знаеше како да го претвори Ал Давсари уште во 4-та минута.
Фламенго успеа да одговори по една добра акција и Педро израмни на 1:1 во 20-та минута, но тоа што се случи во завршницата на првиот дел имаше значително влијание врз исходот на мечот.
Жерсон заработи црвен картон и Ал Хилал доби пенал, по што Ал Давсари со нова сигурна реализација погоди за 1:2 пред да се замине на пауза.
Во вториот дел, Ал Хилал ја чекаше својата шанса на контри со играч повеќе на теренот, па во една таква ситуација, Вието одлично биеше и погоди за 1:3. Фламенго не се откажа и успеа да намали во 90-та минута со вториот гол на Педро, но сепак тоа беше недоволно за целосно враќање и пласман во посакуваното финале.
-
Германијапред 24 часа
Салихамиџиќ распали по ѕвездите на Баерн, Нагелсман порача: Ако не победиме на дербито, ќе останеме без титула
-
Шпанијапред 19 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 20 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 23 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Формула 1пред 22 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Светпред 14 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
Балканпред 23 часа
Хрватскиот јунак од СП во Катар со најоригинална објава за Адеми: Ако видиш дека не ги разбираш Кинезите….. (Фото)