Поврзете се со нас

Лига Европа

Акробатска техника од која застанува здивот: Соиграч на Тричковски го постигна голот на сезоната во Лига Европа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/EuropaLeague

Иако сме во првата фаза на возбудувањата во фудбалска Европа, оваа вечер од натпреварот на Кипар ни пристигна едно фудбалско ремек-дело кое многу веројатно ќе биде гол на сезоната во Лига Европа и ќе конкурира за наградата „Пушкаш“.

Иван Тричковски поради повреда ќе мора да одмора три седмици и го пропушта вечерашниот натпревар на својата АЕК Ларнака, која засега има водство од 2:1 против Динамо Киев.

Во првото полувреме видовме по еден гол на двете страни, но оној на Израелецот Омри Алтман го привлече вниманието на целокупната европска јавност.

Напаѓачот на АЕК полета во воздух и зафати еден неверојатен волеј со акробатска техника, која направи неговиот гол да се претвори во топ тема на социјалните мрежи меѓу фудбалските фанови.

Овој гол беше прв на натпреврот и му донесе предност на кипарскиот тим од 1:0, но во првото полувреме гол постигна и Динамо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни