Поврзете се со нас

Англија

Аке му пресуди на Арсенал, Сити оди во осминафиналето на ФА Купот (ВИДЕО)

Објавено

на

https://twitter.com/Squawka

Фудбалерите на Манчестер Сити излегоа како победници од првата сезонска пресметка со Арсенал која ја имаа во рамките на 4. рунда на ФА Купот.

„Топчиите“ се покажаа како незгоден ривал на „Итихад“, меѓутоа избраниците на Пеп Гвардиола пронајдоа начин да го одбранат домашниот терен и се пласираа во осминафиналето на ова натпреварување. Првиот дел донесе прилики/полуприлики за двете екипи, ама не дојде до промена на резултатоот.

Во вторите 45 минута поконретни беа „граѓаните“ кои до голот вреден победа дојдоа до 64 минута откако Алварез прво ја погоди стативата од голот на Тарнер, но во продолжението од акцијата Грилиш го проигра одличниот Аке кој со одмерен удар ја смести топката на посакуваното место.

Овие два клуба за кратко време ќе имаат нова битка и тоа на 15 февруари во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни