Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ајакс има нов бразилски „бисер“: Антони со дриблинг бравура го излуде дефанзивецот на Аталанта (Видео)

Објавено

на

Ајакс важи за клуб кој има една од најдобрите фудбалски школи во светски рамки, но покрај тоа што создава големи таленти во својата школа, великанот од Амстердам им дава шанса и на интернационални фудбалери кои сакаат да се докажат на европската сцена.

Холандскиот тим вчера одигра 2:2 на гостувањето кај Аталанта во Бергамо, но наспроти сите четири постигнати гола, во фокусот на јавноста се најде и едно младо момче кое има 20 години, а кое пристигна во Ајакс на почетокот на 2020-та година.

Станува збор за бразилскиот талент Антони, офанзивниот фудбалер кој оди во вистински правец да стане нов „бисер“ на Ајакс, како што тоа претходно беа Де Лихт, Де Јонг, Зијеш и Ван Де Бек.

Антони поседува страшна бразилска техника и тоа почна да го докажува и на највисока сцена, а на своја кожа го почувствуваа и играчите на Аталанта кои во најголем дел немаа решение за него.

Бразилецот беше посебно расположен во првото полувреме, во кое со фантастичен дриблинг му продаде „тунел“ на Хатебур, а потоа презентираше и уште еден технички квалитет, пренесувајќи ја топката од своајта на противничката половина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни